Тијаго Алкантара на чекор до Ливерпул

Шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара е многу блиску до заминување од Баерн Минхен и преселба во редовите на Ливерпул. Одличниот 29-годишен плејмејкер ја одбил и последната понуда за нов договор со Баерн, по што баварскиот гигант е принуден да го продаде летово за да не ризикува тој во јуни 2021 година.

Германските медиуми тврдат дека Баерн бара 35 милиони евра за Шпанецот, сума што не е превисока за „црвените“, така што се очекува преговорите да се интензивираат во наредните денови и Алкантара наскоро да добие зелено светло за преселба на „Енфилд“.

Неговото доаѓање во Ливерпул ќе значи и речиси сигурно заминување на Наби Кеита, откако екс-фудбалерот на Лајпциг не ги оправда очекувањата на „Енфилд Роуд“. Јирген Клоп очекува да заработи најмалку 40 милиони евра за фудбалерот што го плати 60 милиони пред неколку години, со што би бил покриен трансферот на Алкантара.

Се вчитува...