Тијаго Алкантара се враќа на „Камп Ноу“?

Каталонскиот гигант Барселона е во интензивна потрага по нови засилувања кои би пристигнале на „Камп Ноу“ во јануари, или пак на почетокот на идната сезона. Раководството на клубот сериозно размислува да ја исправи грешката што ја направи во 2013 година кога дозволи да си замине Тијаго Алкантара, одличниот играч за врска. Тој замина како млад играч, знаејќи дека нема да добива голема минутажа, а во меѓувреме се разви во врвен фудбалер во редовите на Баерн Минхен.

Тијаго Алкантара веќе четири години го носи дресот на германскиот бундеслигаш, но секако дека добро би размислил за евентуално враќање на „Камп Ноу“. На тренерот Ернесто Валверде му се потребни нови опции во средниот ред, а Алкантара би бил одлично решение, со оглед дека и добро го познава системот на работа во Барселона. Друга опција секако е и Фелипе Кутињо, кого каталонците не успеаја да го доведат изминатото лето. Но, тоа не значи и дека се откажаа од намерата за негов ангажман.

Се вчитува...