Тијаго Мота го сака Хатем Бен Арфа во Џенова

„Проблематичниот“ Хатем Бен Арфа би можел да стане нов соиграч на Горан Пандев во италијанскиот калчолигаш Џенова. Тренерот Тијаго Мота посакува офанзивниот играч за врска да пристигне во тимот во зимскиот преоден рок и да ја засили Џенова за вториот дел од сезоната во Серија А.

Бен Арфа имаше големи проблеми во Пари Сен Жермен и одреден период беше префрлен во резервниот тим, потоа замина во Рен, но понудата од Италија секако е нова димензија во неговата кариера. Тој претходно настапуваше во Премиер – лигата, каде го носеше дресот на Њукасл и на Хал Сити.

Челниците на Џенова се принудени да реагираат бидејќи партнерот на Пандев во нападот, Куаме, заработи тешка повреда и ќе отсуствува најмалку шест месеци од терените.

Се вчитува...