Тијаго Силва: Нејмар ми е како помал брат, но навистина многу ме навреди!

Бразил во петокот стигна до важна победа против Костарика по која е на прагот на пласман во осминафиналето на СП во Русија.

Бразилците се мачеа, па на крајот во судиската завршница со два гола го скршија отпорот на Костариканците, и со четири бода сега го чекаат дуелот со Србија во последното коло.

„Нејмар ми е како помал брат и се обидувам да се грижам за него, но во петокот навистина многу ме разочара затоа што испрати бројни навредливи зборови кон мене кога му вратив една топка. Да, можеби беше во право, но такво однесување со навреди не очекував. Поради една топка сигурно нема да загубиме натпревар“ – вели Силва.

На прашањето, пак, за солзите на Нејмар по крајот на мечот стоперот на ПСЖ вели…

„Сите бевме под одреден притисок, веројатно и тој. Па голот на крајот беше добредојден за враќање на самодовербата за него и затоа можеби на крајот го понесоа емоции“ – вели Тијаго Силва.

Се вчитува...