Тиквеш без проблеми против Струга

Ракометарите на Тиквеш забележаа нова победа во националниот шампионат откако вечерва на домашен терен без проблеми славеа против Струга со 33-25 во меч од 14. коло од новата сезона во Суперлигата на Македонија.

Домаќините почнаа силно уште од самиот старт па веќе на полувреме имаа предност од шест голови 18-12. Во вториот дел само рутински кавадарчани го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 32-25.

Mијучковиќ и Стојановски со по пет гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Ахмед Мајдуб постигна седум гола.

Се вчитува...