Тиквеш го договори Гичев, потпишан нов договор и со Симиќ

Тиквеш се екипира за наредната сезона, во која кавадарчани повторно ќе бидат дел од елитното друштво откако преку плејаут лигата го обезбедија опстанокот.

За нов тренер е именуван Ристо Магдинчев, кој сезоната ја заврши на чело на Јуниор КВ. Искусниот стручњак како засилување за бековската линија го донесе Марио Гичев, со кого имаше беспрекорна соработка во тимот од Кисела Вода. Гичев ја почна сезоната како член на Пролет, од каде беше отстапен во Јуниор КВ, за летово повторно да ги смени клупските бои и да се пресели во Кавадарци.

Тиквеш воедно и потпиша нов договор со српскиот интернационалец Страхиња Милиќ, кој лани беше еден од клучните играчи на бековската позиција кај кавадарчани.

Се вчитува...