Тиквеш го донесе на позајмица Миловановиќ од унгарски Залаегерцег

Прволигашот Тиквеш го донесе, се чини, најголемото засилување за новата сезона, поранешниот младински репрезентативец Даниел Миловановиќ.

Кавадарчани денеска официјално постигнаа договор со унгарски Залаегерцег за едногодишна позајмица на Миловановиќ во своите редови.

„Официјално денеска е постигнат договор меѓу ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци и ФК Залаегерцег од Унгарија за крилниот напаѓач Даниел Миловановиќ. Миловановиќ е дете на ГФК Тиквеш кој ги помина младинските категории на нашиот клуб. Тој ќе потпише договор на една година како позајмен играч од унгарскиот прволигаш. Официјална промоција на фудбалерот се очекува во наредните денови“ – информираат од Тиквеш.

24-годишниот Миловановиќ пред преселбата во Залаегерцег настапуваше за Академија Пандев во македонскиот шампионат.

Се вчитува...