Словенечкиот тренер со македонско потекло Оливер Богатинов, е назначен за нов тренер на Тиквеш. Кавадаречкиот клуб му ја довери довербата на Богатинов, кому ова му е прв предизвик во македонски клуб.
Роден во Јесенице во 1978 година, последен клуб му бил Горица, а претходно ги водеше Копер, Радомље, Алуминиј, Мура и Изола.
Исто и играчката кариера ја мина во Словенија, а настапуваше и за младинските селекции на оваа земја. Во 2020 година беше назначен и за спортски директор на Марибор на местото на Златко Заховиќ. Потоа беше и спортски директор на Копер, пред да биде назначен за тренер на Радомље.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
