Тиквеш го совлада Вардар Неготино во пријателски дуел

Прволигашот Тиквеш славеше во дербито на повардаријето над Вардар Неготино со 1-3. Двата тима ја искористија репрезентативната пауза како би ја темпирале формата за продолжението на сезоната во Првата и втората фудбалска лига на Македонија.

Стрелци во кавадаречкиот тим беа Марио Гасама кој постигна два гола и Филип Михаиловски.

Се вчитува...