Екипата на Тиквеш се наоѓа пред триумф во рамките од 10 коло во мечот против Арсими, откако по првите 45. минути има предност од 2-0. После мирниот почеток на натпреварот, Садик во финишот на првиот дел со два гола го донесе домашниот тим до убедливо водство.
Садик по убава акција најпрво го совлада голманот Исљами, а потоа истиот играч со глава успеа да го совлада по втор пат голманот Исљами, откако топката се одби од стативата и заврши зад гол линијата.
Исто предност од два гола на полувремето има и тимот на Башкими. Алексовски донесе предност за кумановскиот тим, а потоа Симоновски донесе 2-0. Шкупи намали од пенал преку Шуку, а Авронијо пред самиот финиш на првиот дел успеа да постигна уште еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

