Тиквеш рутински против Скопје

Ракометарите на Тиквеш стигнаа до нов триумф во Суперлигата на Македонија, откако во натпревар од 19. коло на домашен терен славеа над новајлијата Скопје 2020 со убедливи 31-24.

Домаќините уште од самиот старт тргнаа силно и веќе по кон средината на првото полувреме имаа позитива од плус четири 10-6. До крајот на воведните 30 минути разликата растеше до плус седум на пауза (16-9). Во второто полувреме домаќините успеаја да го исконтролираат резултатот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 31-24.

Страхиња Симиќ со десет гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Александар Василевски заврши со девет гола. Тиквеш со овој триумф останува на 5. позиција на табелата со 34 бода и до крајот ќе води битка за местото во плеј-офот, додека Скопје останува 11. со само шест освоени бода.

Се вчитува...