Тиквеш се радува: Спахиу ја шокира Шкендија (ВИДЕО)

Првиот гол на денешните натпревари од 28. коло во ПМФЛ падна во Кавадарци. Едиз Спахиу уште во 3. минута го шокираше тимот на Шкендија, која се бори за титулата, и после победата од 6-1 над Силекс минатото коло, се врати во игра за трофејот.

Напаѓачот на Тиквеш доби една топка во длабочина, излезе сам пред Талески, и со убав лоб удар го совлада голманот на Шкендија за голема домашна радост.

Се вчитува...