Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш потврди дека се раздели со шефот на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов. Клучен за разделбата беше денешниот пораз на домашен терен од Арсими 3-4 во кој кавадарчани имаа предност од 3-1 до 84. минута.
Како што пренесуваат од таборот на тимот од Кавадарци во следните денови ќе биде објавено името на наследникот на Мојсов.
„После денешниот пораз, управата на клубот ја прифати оставката на стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Мојсов, помошниот тренер Христијан Кировски и кондициониот тренер Трајче Орешков, како резултат на неочекувано слабите резултати оваа сезона. Им се заблагодаруваме за долгогодишниот ангажман во ГФК ТИКВЕШ, особено на Мојсов и Орешков со кои клубот го постигна историскиот успех и му посакуваме успех во нивните кариери. ГФК ТИКВЕШ е во преговори за ангажман на нов стручен штаб кој ќе го предводи клубот во иднина“, стои во соопштението на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

