Тиквеш се засили и со Мојсовски и Наумоски (ФОТО)

Кавадаречки Тиквеш се засили со уште двајца нови фудбалери на стартот од подготовките за новата сезона. Јорданчо Наумоски и Дарко Мојсовски се најнови засилувања за кавадарчани, кои претходно потпишаа и со искусниот Ванче Шиков како свое најголемо засилување кое пристигна од Академија Пандев, но и Лазар Пеев, Димитар Иванов и Благојче Иванов.

Кавадарчани и во новата натпреварувачка сезона ќе атакуваат на првото место во второлигашката конкуренција, амбициозно посакувајќи по долги години и враќање во прволигашкото друштво.

Се вчитува...