Тиквеш се засили со Србинот Никола Влајковиќ (ФОТО)

Кавадаречки Тиквеш и официјално го промовираше Никола Влајковиќ како свое ново засилување за престојната сезона во прволигашкото друштво.

„Искусен, борбен и докажан дефанзивец кој добро ги познава балканскиот фудбал и предизвиците што ги носи нашето првенство. Веруваме дека неговиот карактер, професионализам и квалитет ќе бидат значајно засилување за нашиот тим во сезоната што претстои“ – порачаа од Тиквеш.

Влајковиќ доаѓа од редовите на бугарскиот Ботев Враца каде настапуваше изминатава сезона, а претходно освои и шампионска титула со Струга ТЛ во Македонија.

30-годишниот десен бек претходно во кариерата играл и за Јагодина, Нови Пазар, Раднички Крагујевац и Раднички Ниш во српското првенство.

Се вчитува...