Тиквеш слави, Вардар „падна“ во Кавадарци (ВИДЕО)

Тиквеш слави голема победа над Вардар во ракометниот плеј-оф. Кавадаречкиот тим беше подобар од фаворитот, и го совлада во „Јасмин“ со 22-20.

Вардарци со тоа го бележат и вториот пораз во плеј-офот после оној од Еурофарм Пелистер во Битола.

Интересен беше натпреварот, двата тима се менуваа во предноста, а никој немаше повеќе од два гола, се до финишот кога Тиквеш стигна до +3, и се доближи до победата. На полувремето Кавадарчани имаа 11-10.

На крајот Вардар само намали од пенал за конечни 22-20. Најефикасен беше Ани со седум гола, додека кај Вардар по пет постигнаа Срдановиќ и Ѓукиќ.

На крајот ракометарите на Тиквеш прославија голема победа со своите навивачи.

Ова е голем чекор назад на Вардар во битката за титулата, додека за Тиквеш оваа победа во голема мера значи излез во Европа, иако има уште многу да се игра до крајот на првенството.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...