Тиквеш со хуманитарен меч против Олимпијакос

Македонскиот суперлигаш Тиквеш пред стартот на новата сезона организираше генерална проба со грчкиот клуб Олимпијакос, меч што ќе биде од хуманитарен карактер.

Дуелот ќе биде одигран во петок со почеток во 18 часот, а сите средства кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за донација на „Мал групан дом за деца без родители“.

„Да ја покажеме нашата хуманост. Да подадеме рака онаму каде е најпотребно. Се гледаме во с.с. Јасмин, Кавадарци“, порачуваат од РК Тиквеш.

Се вчитува...