Тиквеш во драматичен меч победи со Бутел кој промаши пенал за реми

Ракометарите на Тиквеш ја запишаа и шестата победа во домашната Суперлига, триумфирајќи во драматична битка против Бутел во 11. коло од шампионатот.

Пред своите навивачи во Кавадарци, Тиквеш славеше во драматичен меч со 25-24 против екипата на Бутел.

Крајно неизвесен меч на двете екипи од средината на табелата, израмнето во текот на сите 60 минути, иако Тиквеш во првиот дел имаше постојана предност од еден до два гола, заминувајќи на полувремето со предност од 14-13. Истата ја одржуваа низ текот на вториот дел, за триумф на крајот од 25-24.

Во „трилер завршницата“, домашните не искористија напад при 25-24, па Бутел ја имаше последната акција добивајќи пенал во последните секунди. Но, Димитар Узунчев не успеа да го искористи пеналот за дефинитивен триумф на Тиквеш.

Во победничкиот тим се истакна голманот Панов со девет одбрани, а Коцев постигна осум погодоци, додека кај Бутел голманите Трајкоски и Стојаноски имаа по осум одбрани, а Субашевски постигна пет гола.

Во следното коло Бутел Скопје му гостува на Е. Пелистер, додека Тиквеш ќе игра на домашен терен со Пролет.

Со оваа победа Тиквеш се проби на петтата позиција на табелата со шест победи и пет порази, а Бутел сега има пет победи, реми и пет порази на шестото место. Вардар е лидер со 11 победи од исто толку меча и 22 бода, пред Е. Пелистер кој има 19 бода и Алкалоид со 18 бода.

ТАБЕЛА – СУПЕРЛИГА

Се вчитува...