Тим го елиминира Ѓоковиќ од Ролан Гарос

Австрискиот тенисер Доминик Тим го елиминира бранителот на трофејот на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, во четвртфиналето, правејќи го најголемото изненадување во досегашниот тек од гранслем турнирот што се игра на терените во Париз. Тој го декласира Србинот со 3-0 во сетови (7-6, 6-3, 6-0) и во полуфиналето ќе оди на можеби и главниот фаворит за туитулата, Шпанецот Рафаел Надал.

Тим беше извонреден, а во првиот сет најави дека е расположен за да стигне до првиот триумф над Ѓоковиќ во кариерата. Во неизвесна борба, тој го доби сетот во тај-брејк со 7-5 на поени.

Потоа Србинот падна во својата игра, правеше многу грешки, а Тим знаеше тоа да го искористи. Вториот сет го доби со 6-3, а третиот со експресни 6-0, за пат во полуфиналето на Ролан Гарос.

Се вчитува...