Тим го најде лекот за Надал во Лондон

Доминик Тим игра во одлична форма пред крајот на годинава, доказ за тоа е и денешното фантастично издание на дуелот со Рафаел Надал и победата од 2-0 во сетови во рамките од Мастерс-турнирот во Лондон. Австриецот знаеше како да ги искористи своите шанси во тајбрејкот во двата сета, славејќи во пресметката со директниот ривал за првото место во групата на овој турнир.

Првиот сет донесе израмнета игра во која ниту еден од тенисерите немаше ниту брејк-топка, камоли да го освои сервисот на противникот. Во тајбрејкот, Надал почна одлично, поведе со 5-2, имаше и две сет-топки, но Тим успеа да се врати и да триумфира со 9-7.

Надал прв стигна до брејк во вториот сет, поведе со 3-4, но Тим веднаш возврати, Австриецот имаше 5-4 и 0-40 на сервис на противникот, но шпанскиот ас како многупати досега повторно „воскресна“, па и овој сет се решаваше со тајбрејк. Доминик Тим беше подобар во завршницата, триумфирајќи со 7-4, за заслужена победа над големиот ривал.

Се вчитува...