Тим го одби Ѓоковиќ, нема да гостува на турнирот во Белград

Австрискиот тенисер Доминик Тим се откажа од учеството на Србија Опен, турнир кој следната недела ќе се игра во главниот град на нашиот сосед, Белград.

Четвртиот тенисер во светот соопшти дека не се рехабилитирал од повредата на коленото и поради тоа нема да може да настапи.

„Оваа 2021 година никако не сака да тргне. За жал, морам да го откажам турнирот следната недела во родниот град на Ѓоковиќ. Ме боли коленото. Не е голем проблем, но морам да се погрижам за него. Не сум доволно подготвен да играм следната недела. Жал ми е затоа што морав да ја одбијам поканата за турнирот. Се надевам дека догодина ќе заиграм во Белград“, вели Тим.

Се вчитува...