Тим повторно подобар од Федерер, следен предизвик Ѓоковиќ

Австриецот Доминик Тим е вториот полуфиналист на Мастерсот во Мадрид, откако во четвртфиналето го совлада Роџер Федерер од Швајцарија со 2-1, по сетови 3-6, 7-6 и 6-4.

Федерер за само половина час игра со 6-3 го освои првиот сет. Во вториот сет гледавме голема борба помеѓу двајцата тенисери, која во тај-брејк со 13-11 ја доби австрискиот тенисер. Третиот сет Тим го отвори подобро. Направи брејк за 1-3, но искусниот Швајцарец успеа да го врати во осмиот гејм, за израмнување на резултатот на 4-4. Сепак, во следниот гејм веднаш следеш рибрејк од страна за Тим, за водство од 5-4. Во следниот гем успешно сервираше, освојувајќи го сетот со 6-4, стигајќи до нова победа против популарниот Федекс.

Во полуфиналето Тим ќе игра против првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ кој без борба се пласираше меѓу четирите најдобри, откако Чилиќ поради труење со храна го предаде мечот од четвртфиналето.

Се вчитува...