Тим преживеа маратон, Шварцман лесно до четвртфинале на Ролан Гарос

Шампионот од УС опен, Доминик Тим потешко од очекуваното во еден маратонски меч ја помина и четвртата пречка на последниот грен-слем турнир сезонава Ролан Гарос.

Тим во осминафиналето беше подобар од домашниот тенисер Иго Гастон со 3-2, по сетови 6-4, 6-4, 5-7, 3-6 и 6-3. Австриецот ги доби првите два сета, но потоа следеше пад, па со иста мера врати и Французинот, одведувајќи го мечот во одлучувачкиот петти сет. Сепак, третиот носител успеа да се консолидира и да дојде до нова победа.

Во четвртфиналето Тим ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман кој денеска со максимални 3-0 (6-1, 6-3 и 6-4) Италијанецот Лоренцо Сонего.

Се вчитува...