Тим со пресврт подобар од Кирјос во маратонски меч на Австралија опен

Финалистот од минатата година на Австралија опен, Доминик Тим во маратонски меч успеа по пресврт со 3-2  (4-6, 4-6, 6-3, 6-4 и 6-4) да слави против контроверзниот Ник Кирјос. Првите два сета ги доби Австралиецот со 6-4 и 6-4, но повторно се покажа дека не е стабилен кога е најпотребно па Тим успеа да стигне до пресврт и конечен триумф од 3-2.

Во осминафиналето Тим ќе игра со Григор Димитров кој славеше против Пабло Карено Буста, откако Шпанецот при резултати 6-0 и 1-0 мораше да предаде поради повреда.

Се вчитува...