Тим загуби само шест гема на патот до 3. коло, лесни победи на Серена и Мугуруза

Доминик Тим на феноменален начин обезбеди пласман во 3. коло на Австралија опен, откако во втората рунда на Доминик Кофер од Германија му дозволи само шест гема. Австриецот го совлада германскиот тенисер со максимални 3-0 (6-4, 6-2 и 6-0). Пласман во 3. коло во машкиот дел од турнирот обезбедија и Шварцман, Раониќ и Фучовиц кој во маратонски меч беше подобар од Стен Вавринка.

Серена Вилијамс без поголеми проблеми се пласираше во 3. коло откако беше подобра од Србинката, Нина Стојановиќ со 2-0 (6-3 и 6-0). Пласман во 3. коло обезбеди и Гарбиње Мугуруза која беше подобра од Русинката Самсонова со (6-3 и 6-1).

Изненадување е елиминацијата на 8. носителка Петра Квитова која загуби од одличната Романка Сорана Кирстеа со 2-1, по сетови 6-4, 1-6 и 6-1.

Се вчитува...