Тимо Вернер: Баерн не доаѓа во предвид, сакам да играм надвор од Германија

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер сосема извесна на крајот од сезоната го напушта Лајпциг. Вернер е мета на голем број европски клубот. Последниот период се поврзуваше и со Баерн Минхен, но до тој трансфер сигурно нема да дојде.

Вернер во разговор за „Билд“ нагласи дека воопшто не е заинтересиран кариерата да ја продолжи во минхенскиот клуб.

„Баерн е одличен клуб, за тоа нема збор. Но, ако го менувам клубот не сакам да одам во Минхен, моја желба е во еден таков случај да играм надвор од Германија. Сакам да пробам во некоја друга лига, тоа би било вистински предизвик за мене. Но, не инсистирам на заминување по секоја цена. Ако има понуда која ќе одговара на двете страни тогаш во ред“ – вели Вернер.

Германскиот напаѓач е најблиску до договор со Ливерпул каде се очекува да ја продолжи кариерата.

Се вчитува...