„Тимо Вернер е како коњ, трча брзо, ама со главата надолу“

Не стивнуваат критиките на адреса на Тимо Вернер по серијата катастрофални промашувања на асот на Челси, последното во дресот на германската репрезентација на дуелот со Македонија.

Вернер дури и го загуби местото во стартниот тим на Челси, па Томас Тухел на последните средби игра без класичен напаѓач во тимот, а последниот што упати жестоки критики на адреса на Германцот е Рафаел ван дер Варт, споредувајќи го со слеп коњ.

„Тимо Вернер е супербрз фудбалер кој може да ви користи кога играте на гостински терен, кога сте под притисок. Сепак, не моам да го разбреам тоа негово трчање наоколу, и тоа со спуштена глава, без да се погледне околу себе. Вернер со таа брзина ми личи на слеп коњ. Исто така играше и во Германија, но сега во Англија лигата е поконкурентна, па неговиот проблем е уште поочигледен“, истакна Ван дер Варт.

Се вчитува...