Тимо Вернер постигна гол од шанса која најчесто ја промашува (ВИДЕО)

Челси стигна до рано водство на гостувањето кај Зените Сант Петерсбург од 0-1 откако уште во втората минута од натпреварот стрелаше германскиот интернационалец во таборот на „сините“ Тимо Вернер.

Вернер кој е познат по тоа што успева да го промаши и невозможното, овој пат си поигра со своето „реноме“ па успеа од еден метар да ја уфрли топката во мрежата на Русите.

 

 

 

Се вчитува...