Тимот на Миркуловски го растури Кил

Вецлар, тимот на Филип Миркуловски, му нанесе убедлив пораз на Кил во германското првенство. Домашниот состав успеа да слави со 31-22, што е големо изненадување во Бундес-лигата. Кил се соочи со неколку повреди, но, сепак, стартуваше со две победи во новата сезона во Германија.

Вецлар на полувреме обезбеди предност од седум гола (18-11) и не му дозволи на Кил воопшто да се надева дека може да стигне до поволен резултат. Најефикасен во победничкиот тим беше Максимилијан Холст со осум постигнати гола.

Се вчитува...