„Тимот на повредените“ би можел да освои медал на СП 2019

Светско првенство во ракомет што стартува утре во Германија и Данска ќе мине без многу звучни ракометни имиња. Повредите го спречија настапот на неколку големи ѕвезди кои со децении се заштитен знак на најважните ракометни натпреварувања, од француската „икона“ Никола Карабатиќ, до „вечниот“ Исланѓанец Гудјон Валур Сигурдсон.

Меѓу оние ракометари што го пропуштаат овој Мундијал се уште и исландскиот голман Арон Рафн Едвардсон, Хрватите – Домагој Павловиќ, Марино Мариќ, Марко Мамиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Божиќ-Павлетиќ, Русинот Павел Атман, бекот на Тунис, Амин Банур, Швеѓанецот Филип Хенингсон, Германците Михаел Краус и Јулиус Кун…

Кога би играле во овој состав „тимот на повредените“ сигурно би бил конкурентен и за медал со оглед на имињата што ги има на овој „список“.

Еве како изгледа „Тимотѕ на повредените“ кои Светското првенство ќе го гледаат од трибините.

лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд)

лев бек – Никола Карабатиќ (Франција)

среден бек – Диего Симонет (Аргентина)

десен бек – Кент Робин Тонесен (Норвешка)

десно крило – Дарко Ѓукиќ (Србија)

пикер – Рожерио Мораеш (Бразил)

голман – Риосуке Сасаки (Јапонија)

 

Се вчитува...