Тимот се склопува: Стоилов, Дибиров и Дисингер остануваат во Вардар

Новото раководство на РК Вардар успева да задржи дел од шампионскиот состав на „црвено-црните“. Покрај Иван Чупиќ, кој одлучи да остане во „Јане Сандански“ и следната сезона, дресот на Вардар и понатаму ќе го носат капитенот Стојанче Стоилов, рускиот интернационалец Тимур Дибиров и германскиот ракометар Кристијан Дисингер. Тие дале согласност за продолжување на соработката и со новата управа на „црвено-црните“ предводена од Михајло Михајловски.

Ако се дополнат и голманот Борко Ристовски и младиот и талентиран Томислав Јагуриновски, веќе се наѕира дека Вардар и следната сезона ќе има респектабилен тим со кој ќе се бори во групната фаза од новиот формат во Лигата на шампионите. Останува да се прецизираат деталите за новиот договор и со Глеб Калараш.

Сергеј Горбок објави дека заминува од Скопје и се заблагодари на фановите за поддршката во изминатиот период, а претходно тоа го сторија и Сташ Скубе, Шишкарев, Толедо…

Се вчитува...