Тимовски: По 12 години во Силекс, пресреќен сум што повторно донесовме трофеј во Кратово

Еден од најдобрите фудбалери на Силекс, капитенот Ангелчо Тимовски не го крие задоволството од освоениот трофеј во Купот на Македонија.

По синоќешната победа, по изведувањето на пеналите, против Академија Пандев во финалето, Силекс по цели 24 години повторно носи трофеј во Кратово.

„Не може да ја опишам радоста што по 24 години дојдовме до еден ваков успех и повторно носиме трофеј во Кратово. За мене, по 12 години во Силекс, ова е навистина специјален момент. Навистина сме пресреќни, затоа што пред финалето некако многумина веќе не отпишаа давајќи поголеми шанси за трофејот на Академија Пандев“ – вели Тимовски, кој трофејот го посветува на поранешниот прв човек на клубот Љбосав Иванов – Ѕинго.

„Сакам да го посветам овој пехар на газдата Ѕинго, кој не е со нас, но сигурен дека сето ова го гледа и знам колку би бил среќен со освојувањето на трофејот“ – дополнува Тимовски.

Силекс, заедно со Шкупи и со Струга ТЛ, ќе ја претставува ова лето Македонија во Конференциската лига на УЕФА, додека Шкендија ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Се вчитува...