Тимовски потпиша за Ботев Враца, Стојчевски во Академија Пандев

Еден од најдобрите фудбалери на Силекс во изминатата сезона, Ангелчо Тимовски во следната сезона ќе го носи дресот на новиот бугарски прволигаш Ботев Враца.

23-годишниот Тимовски денеска и официјално потпиша едногодишен договор со Ботев Враца кој ќе игра во елитното фудбалско друштво во Бугарија. Претходно, Тимовски изминативе пет сезони беше дел од кратовски Силекс.

„Ова е прв интернационален трансфер за мене во кариерата. Навистина сум презадоволен од понудените услови. Доаѓам во амбициозен клуб кој следната сезона планира сериозна улога во Првата лига на Бугарија“ – ни изјави Тимовски веднаш по официјалната промоција во дресот на Ботев Враца.

Уште еден досегашен фудбалер на Силекс од денеска со нов ангажман. Стојан Стојчевски по крајот на соработката со кратовци ги засили редовите на Академија Пандев.

25-годишниот Стојчевски, кој игра на позицијата централен дефанзивец, е прво засилување за Академија Пандев за новата сезона. Досегашниот фудбалер на Силекс потпиша двегодишен договор со „пандевци“.

Се вчитува...