Тимовски: Силекс е благ фаворит, но натпреварот ќе биде 50-50

Македонскиот прволигаш Силекс ќе ја пречека Дрита во натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Капитенот на тимот Ангелчо Тимовски очекува добар натпревар во кој мора да признае дека тие ќе бидат благи фаворити.

„Знаеме со каков противник играме. Очекувам добар натпревар, во кој нема фаворит. Малку сме во предност бидејќи тие долго време немаат играно. Ако го пренесеме на теренот тоа што го бара од нас тренерот се надевам дека ќе обезбедиме пласман понатаму“, изјави Тимовски. 

Мечот на арената „Тодор Проески“ во Скопје меѓу Силекс и Дрита е закажан за утре со почеток во 20 часот.

Се вчитува...