ОФИЦИЈАЛНО: Тимур Дибиров останува во Вардар до јуни 2023

Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.

Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзауваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата.

„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега“ – вели Тимур Дибиров.

Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и од тогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.

Сега Вардар е на чекор до освојување на 15. титула во првенството и викендов ќе игра на Ф4 во Купот на Македонија.

Се вчитува...