Нема ракомет, спортот е комплетно блокиран во цела Европа поради глобалната битка против ширењето на коронавирусот, а спортистите како и сите останати си седат дома. Единствено се излегува за да се купат најосновните продукти во супермаркет, а рускиот интернационалец Тимур Дибиров на Инстаграм сподели како тоа го прави левото крило на Вардар.
Сите што се во можност, треба да стават маска на лицето и заштитни ракавици на рацете. Го препорачува тоа и Тимур Дибиров.
Ракометните активности во моментот се во прекин, но ако се погледне од малку порозевата страна, Вардар сигурно и подолго ќе ја задржи европската круна во своите витрини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА