Тинејџерот кој потпиша за Реал Мадрид се прости со пратка на подароци од поранешниот клуб!

Одличниот фудбалер за врска Едуардо Камавинга потпиша договор со Реал Мадрид. Овој перспективен 18-годишен фудбалер стави потпис на петгодишна соработка со „кралевите“, а доаѓа од клубот на Рен.

Камавинга важи за супер талент, кој својата кариера ја мина во младинските категории на Рен, а само на 16 години дебитираше за првиот тим, па дефинитивно ова е тимот што засекогаш ќе му остане во срцето.

По заминувањето во Реал Мадрид, Камавинга реши да ги почести вработените во поранешниот клуб, па на секој ќе му испрати дрес од Реал Мадрид.

Камавинга ќе подели вкупно 166 дресови и ова е прекрасен потег од страна на младиот фудбалер, кој не ја заборава неговата поранешна екипа.

Инаку, Французинот стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Рен во историјата на само 16 години и еден месец.

Се вчитува...