Тинекс Пролет подобар од Голден Арт во пријателски меч

Тинекс Пролет ја забележа првата победа во подготовките за плејофот откако вечерва по голема борба славеше над составот на Голден Арт со 29-27. Дуелот меѓу скопските ривали беше добра можност за двајцата тренери да им дадат шанса на сите ракометари, а поумешни на теренот беа избраниците на Александар Јовиќ, кои на крајот заслужено се радуваа на победата.

Првото полувреме мина во подобра игра на Тинекс Пролет кој го контролираше резултатот и на одмор заслужено замина со предност од два гола (14-12). До неочекуван пресврт дојде на почетокот од вториот дел, кога Голден Арт заигра одлично и за краток период не само што ја стигна негативата, туку и поведе со четири гола предност. Сепак, Јовиќ знаеше како да го врати својот тим во ритам, Тинекс Пролет се разбуди во вистински момент, повторно го сврте резултатот во своја полза и на крајот заслужено триумфираше.

Овие два тима ќе одиграат уште еден пријателски меч кој ќе се игра в сабота на теренот на Голден Арт.

Се вчитува...