Tинекс Пролет со фуриозен финиш до триумф над Струга

Ракометарите на Тинекс Пролет во неверојатен трилер меч стигнаа до победа од 22-24 на гостувањето кај Струга во меч од 7. коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија.

Тинекс Пролет подобро го отвори мечот и со погодоците на Василевски и на Мајнов отвори со рано водство од 0-2. Ситуацијата на теренот се промени по исклуувањет на Василевски, што домашните ракометари го искоритија и набрзина поведоа со 4-3. Серијата на домашниот тим од 1-3 продолжи се до убедливи 7-3 за Струга, пред Виктор Додевски конечно да ја прекине серијата од девет минути без гол на Тинекс Пролет.

Стружани ја одржуваа предноста, па тренерот Александар Јовиќ при 9-6 побара тајмаут во обид да ја консолидира играта на Пролет. Василевски погоди со проектил од девет метри за 9-7, но повторно следеше период на подобра игра на Струга и предност од 13-9. Пред крајот на полувремето во серија влезе капитенот Ласко Андоновски, кој постигна три гола во низа и намали на 13-12, резултат со кој се замина на одмор. Одличен во домашниот табор во првиот дел беше Бошњак кој постигна дури седум гола.

Голема битка на двете страни продолжи и во вториот дел, па натпреварот влезе во неизвесна завршница. Домаќините на четири минути до крајот имаа позитива од два гола (22-20), но избраниците на Јовиќ со три погодоци во низа успеаја да направат целосен пресврт (22-23) на една минута до крајот. Стружани направија пробивање, а сето тоа го искористија гостите за конечен триумф од 22-24. Ласко Андоновски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Бошњак остана на седумте гола од првото полувреме.

 

 

Се вчитува...