„Тирана – Црвена Звезда е фудбалски меч, не политичка војна“

Капитенот на Тирана, Идриз Бата, се обиде да ја намали тензијата во пресрет на пресметката со Црвена Звезда потсетувајќи дека станува збор за фудбалски меч на кој не смее да се гледа политички.

„Јас не гледам на овој натпревар како на политичка војна, ова за нас мора да биде само уште еден фудбалски натпревар. Ја почитуваме Црвена Звезда, танува збор за клуб со добро познат имиџ, а ние ќе сториме се што можеме за да стигнеме до победата. Според општите проценки ние сме аутсајдери, во се може да се случи во фудбалски натпревар од 90 минути. Наша желба е да го решиме натпреварот пред да дојде до пенал-рулет“, истакна Бата.

Натпреварот меѓу Тирана и Црвена Звезда ќе се игра вечерва со почеток во 20 часот, пред празни трибини на стадионот во албанскиот главен град.

Се вчитува...