Тирни не мрда од „Емирати“ – потпиша нов пет годишен договор (ВИДЕО)

Шкотскиот репрезентативец Киран Тирни и во следните пет години ќе го носи дресот на Арсенал откако и официјално ја продолжи верноста на клубот. Тирни важи за еден од најдобрите млади играчи во редовите на „топџиите“ па овој потег е сосема јасен од раководството на тимот кој со млад и талентиран состав ќе се обиде да ја врати славата на англискиот клуб.

Дефанзивецот пристигна во редвоите на Арсенал во 2018 година од Селтик, трансфер вреден 25 милиони евра, а по санирање на повредите веднаш ги исполни очекувањата и денеска е еден од клучните играчи во составот на Микел Артета.

Се вчитува...