Титула за крај: Ѓоковиќ со стил ја заврши 2018 година

Новак Ѓоковиќ ја круниса извонредната 2018 година со нов трофеј, овојпат освоен на егзибицискиот турнир Мубадала што се одржуваше во Абу Даби.

Српскиот ас, кој годинава имаше неверојатен камбек и се искачи на првото место на АТП-листата, во големото финале се сретна со Кевин Адерсон, совладувајќи го со 2-1 во сетови. Андерсон изненади добивајќи го првиот сет со 6-4, но Ѓоковиќ трпеливо чекаше противникот да влезе во проблеми со сервисот, а кога тоа се случи српскиот тенисер направи пресврт.

Тој најпрвин го доби вториот сет со 5-7, а потоа по четирите неискористени меч топки во решавачкиот сет Ѓоковиќ ја искористи петтата, за нов освоен пехар.

Претходно, во дуелот за третото место на овој турнир Хачанов го совлада Доминик Тим со 2-1 во сетови.

Се вчитува...