Титулата на Денвер се славеше и во Сомбор (ВИДЕО)

Денвер Нагетс стигна до првата титула во историјата на НБА лигата откако во финалната серија славеше над Мајами Хит со 4-1.

И повеќе од заслужено за МВП во финалето беше избран српскиот интернационалец Никола Јокиќ. Србинот беше убедливо најдобриот кошаркар овој плеј-оф во лигата, а сето тоа го потврди со феноменалната партија во финалната серија.

Премиерната титула на Денвер во НБА лигата се славеше и во Сомбор, родниот град на најдобриот кошаркар на Нагетс, Никола Јокиќ.

Се вчитува...