Тјери Омејер: Концентрирани сме на Нант…, а сега Вардар е тој кој е прв фаворит за трофеј!

Ракометарите на ПСЖ, стартувајќи го своето претставување како прв тим на средба со медиумите денеска во Келн, отворено ја оставаат оваа година фаворитската улога за трофејот во Лигата на шампионите на Вардар!

Легендата на европскиот ракомет, 41-годишниот чувар на мрежата на ПСЖ, Тјери Омејер потенцира дека не сакаат уште сега да размислуваат за финалето додека не го минат полуфиналниот дуел, но оставајќи ја фаворитската улога на бранителот на титулата, РК Вардар.

„Добро се познаваме со Нант и тоа сигурно ќе биде интересен натпревар во кој секако нашата желба е победа и пласман во финалето. Единствено сме концентрирани на пресметката со Нант… Не сакаме уште сега да мислиме на финалето, но ако сега ме прашувате околу освојувачот на трофејот – оваа година секако прв фаворит е тој што ја брани титулата, Вардар. Можеби минатата година европската ракометна јавност не издвојуваше нас како први фаворити, но сега тоа сигурно е Вардар“ – истакнува Омејер.

ПСЖ против Нант се соочува утре во првото полуфинале од 15:15 часот.

Се вчитува...