Тоа би било изненадување: Легенда на Ливерпул седнува на клупата на Тотенхем?

Тотенхем вчера и официјално му врачи отказ на Жозе Мурињо, именувајќи го Рајан Мејсон како привремен тренер до крајот на сезонава. Лондонскиот клуб ја почнува потрагата по нов тренер за наредната сезона, а сериозен кандидат во оваа трка е легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард.

Долгогодишниот англиски репрезентативец бележи извонредни резултати како менаџер на Глазгов Ренџерс, клуб со кој успеа да ја прекине доминацијата во Шкотска на вечниот ривал Селтик. Дисциплината во играта и способноста да го извлече максимумот од секој играч е главен „плус“ во работата на Џерард, кој веќе одби неколку понуди за да остане во Глазгов. Младиот стратег важи за апсолутен фаворит за нов тренер на Ливерпул кога Клоп ќе реши да си замине од „Енфилд“, но прашање е дали Џерард ќе сака да почека уште неколку дена пред враќањето во Премиер-лигата или ќе реши да прифати некоја од понудите што ги има на маса.

Покрај англиската фудбалска легенда, „спарси“ се интересираат и за Џулијан Нагелсман, кој со голем успех го води Лајпциг. Проблем за Тотенхем е што интерес за младиот германски стратег покажува и Баерн Минхен, кој е подготвен да плати 17 милиони евра за да го доведе Нагелсман на „Алијанц Арена“, што би бил убедливо најскап тренерски трансфер во историјата на германскиот фудбл.

Се вчитува...