Тоа е судбина – ПСЖ го избриша Коман, сега остана без европска круна поради него

ПСЖ го загуби своето прво финале во Лигата на Шампионите, а поразот е уште поболен ако се знае дека победничкиот гол беше дело на Кингсли Коман, играч роден во Париз кој ги мина сите младински категории во таборот на „светците“.

Коман влезе во младинската школа на ПСЖ во 2004 година и мина девет сезони во овој клуб. Тој дебитираше за сениорскиот тим на 17 февруари 2013 на дуелот против Сошо, влегувајќи во игра на местото на Верати во 87. минута од натпреварот, со што Коман стана најмлад играч на еден официјален натпревар на „светците“, со настап на возраст од 16 години, 8 месеци и 4 дена.

Во август тој влезе во игра и во Суперкупот на Франција против Бордо, на местото на Лавеци, но стручниот штаб потоа не сметаше сериозно на овој млад крилен фудбалер. Во сезоната 2013/14 тој имаше само три настапи за „светците“, а во ситуација кога беа носени нови скапи „ѕвезди“ тој реши да си замине и да се пресели во Јувентус.

Сето останато е историја, Коман имаше одлични игри во дресот на Јуве, потоа следеше и трансфер во Баерн, а во двата клуба францускиот ас редовно ги освојуваше титулите во Серија А и во Бундес-лигата. Врвот на кариерата сепак е достигнат со денешниот гол за победа во финалето во ЛШ, судбински, токму против „неговиот“ ПСЖ.

Се вчитува...