Само во Англија: Ги пофали судиите, па ќе плати 60.000 фунти

Додека во голем дел од државите ширум Европа се плаќаат казни за критикување на судии, во англиската Премиер-лига се санкционира и доколку се пофалат арбитрите.  Така, Рафаел Бенитез денеска беше казнет од ФА со 60.000 фунти поради изјавата со која стратегот на Њукасл пред мечот со Кристал Палас го пофалил Андре Маринер.

„Имам доверба во Маринер. Тој има богато искуство и е квалитетен судија, иако во неколку наврати им давал многу картони на моите играчи“ – изјави Бенитез пред тој натпревар.

Навистина „тешки зборови“ – за казна од 60.000 фунти, но правилата се правила во Англија и важат за сите.

Се вчитува...