Тоа го може само Јокиќ – Излезе од игра со тешки болки, се врати и го реши мечот (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра херојски натпревар во победата на неговиот Денвер Нагетс над Мемфис Гризлис од 102-103. Тој во еден момент незгодно незгодно дококна на десната нога, по што мораше да го напушти теренот.

По првичните прегледи се врати на клупата на Нагетс и веднаш побара од тренерот Мелоун да биде уфрлен во игра, а во финишот следуваше вистинско шоу. Прво погоди за предност на својот тим, а во последниот напад одигра одлична одбрана над Жа Морант за нов триумф на Нагетс. Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени, 15 скока и 7 асистенции.

Актуелниот шампион, ЛА Лејкерс триумфираше над Индијана со 105-100. Кајл Кузма со 24 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Малколм Брогдон заврши со 29 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Вашингтон – Филаделфија 101-127, Њу Орлеанс – Кливленд 116-82, Чикаго – Мајами 90-101, Сан Антонио – Орландо 104-77 и Јута – Хјустон 114-99.

Се вчитува...