Тоа ќе биде спектакл: Федерер закажа полуфинале со Ѓоковиќ во Париз

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Париз, откако во последниот четвртфинален дуел швајцарскиот тенисер славеше со 2-0 во сетови над Кеи Нишикори.

Швајцарскиот великан беше подобар во текот на целиот меч, а како пресуден се покажа финишот од првиот и стартот од вториот сет, кога Федерер стигна до брејк, па потоа благодарение на својот сигурен сервис рутински си ја осигура победата со идентични 6-4, 6-4. Денешниот триумф беше и јубилеј за големиот ас, кој го обезбеди своето 200. полуфинале на АТП-турнирите во кариерата.

Утрешната полуфинална пресметка дефинитивно ќе биде спектакл ако се знае дека Федерер за ривал ќе го има Новак Ѓоковиќ, кој по голема битка денеска славеше со 2-1 во сетови над Марин Чилиќ.

Се вчитува...