„Тоа што јавноста говори дека Халанд ќе замине од Дортмунд следното лето не значи дека ќе биде така“

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд е трансфер мета на најголемите европски клубови. Ова лето 21-годишникот беше поврзуван со премин во Реал Мадрид, Челси, Манчестер Сити и Баерн Минхен, меѓутоа на крајот клубот се реши да го задржи својот играч и покрај богатите понуди.

Тоа ја отвара можноста Халанд да замине од Борусија Дортмунд следното лето за сума од 75 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула, меѓутоа тренерот на „жолтите“, Марко Роуз вели дека и покрај тоа што јавноста притиска трансфер, не значи дека напаѓачот ќе ги промени клупските бои.

„Тој сеуште има долгогодишен договор со нас. Тоа што јавноста говори дека Халанд ќе замине од Дортмунд следното лето не значи дека ќе биде така. На крајот одлуката за тоа каде се гледа тој во иднината паѓа на Халанд. Во секој случај среќни сме што тој во моментот игра за нас, а доколку испишеме невообичајна приказна, може да биде и повеќе од само уште една сезона. Никогаш не знаете“, изјави тренерот на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...